Ни влезот во ЕУ нема да ги врати македонските емигранти дома

Темата емиграција се чини е поактуелна од кога било, особено ако се има предвид фактот дека со бројките на иселени луѓе од државава се шпекулира предолго време.

Масовното иселување од Македонија и феноменот на „одлив на мозоци“ во последните една до две децении станаа препознатлив белег на земјата. Во моментов, и покрај недостатокот на официјални статистики, македонската дијаспора се проценува на над 700.000 лица. Ваквото непостоење на демографски информации, како резултат на неуспешниот попис од 2011 година остави простор за шпекулации со бројките за луѓето кои живеат во државата. Тоа пак, има директни импликации врз креирањето на политиките во земјата.

Според Државниот завод за статистика (2020), во периодот од 2005 до 2019 година, од државата се отселиле вкупно 11.273 граѓани и трендот се движи во надолна линија. Сепак, од различни споредни податоци гледаме дека тоа воопшто не соодветствува на реалноста, напротив, во последните декади постои тренд на масовно иселување на македонското население, најчесто во западните развиени земји. Иако бројот на граѓани кои привремено престојуваат во странство поради образование, привремена работа, доквалификација, и сл. не е вклучен во овие официјални податоци за иселени лица, бројката е многу поголема.

Сепак, премиерот Зоран Заев смета дека исполнувањето на европските и евроатлантските аспирации на Северна Македонија ќе го намали иселувањето на граѓаните. Во рамки на настанот Самитот „Македонија 2025“, Заев зборуваше за потенцијалот на дијаспората, како и за комплексноста на прашањето за заминување на дел од луѓето од државата. Премиерот нагласи дека Владата работи постојано на креирање политики и сериозни ресурси во однос на олеснување на пристапот на капиталот од бизнис дијаспората во правец на отворање нови работни места во татковината. Во однос на заминувањето на млади луѓе во странство, на дебатата се разговараше за причините, но и за стратегијата за намалување на овој број на население.

„Потребна ни е стратегија којашто ќе ги адресира сите предизвици заради кои заминуваат нашите луѓе од земјата, за да можеме да ги поставиме во позиција да ги одвратиме и да ги мотивираме да останат тука. Наша должност е, сите да создаваме овде и да ја менуваме Република Северна Македонија. Да ја европеизираме со европските вредности коишто овде ќе ги почувствуваме, но и во делот на севкупниот квалитет на живот“, рече премиерот Заев на Самитот „Македонија 2025“.

Меѓутоа, истражувањата покажуваат освестувачки податоци за ставовите на дијаспората. Според резултатите од проектот ИСПРАЗНЕТО ГНЕЗДО на ДИЈАЛОГ – Центарот за делиберативна демократија, спроведен со поддршка од Civica Mobilitas, македонските иселеници во голем процент не би се вратиле во земјава.

Оваа студија се заснова на емпириски податоци од анкета со 915 македонски иселеници во светот. Анкетата беше спроведена онлајн во септември 2020 година.

Наодите објавени во трудот ЕМИГРАЦИИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА „НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“ на д-р Јосипа Ризанкоска и доц. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска покажуваат дека најголем дел од испитаниците во ова истражување планираат во иднина да купат или да го одржуваат својот постоечки имот во Македонија (42%), 46% од испитаниците не планираат да инвестираат таму, а само 14,5% планираат да инвестираат.

Можеби најпоразителни се податоците во врска со ставот на иселениците за можно враќање во татковината, како и сознанијата за тоа колкав е процентот на потенцијални иселеници од земјава.

Најголемиот дел (скоро 50%) од испитаниците планираат да живеат надвор од Македонија засекогаш, 13% планираат да останат во странство до пензија, а 16% планираат да живеат надвор од земјата на долг рок (повеќе од 5 години). 18% од испитаниците не знаат колку долго ќе остане надвор од Македонија, а скоро 3% на среден или краток рок (помалку од 5 години).

 Убедливи 62% од испитаниците не би се вратиле во Македонија поради нејзината интеграција во Европската Унија, а скоро 20% одговориле дека можеби би се вратиле. Додека 14% не знаат, само 3,3% позитивно одговориле на ова прашање.

Конечно, дури 87% од испитаниците изјавиле дека познаваат некој кој или се подготвува или во догледна иднина планира да се отсели од Македонија.

„Проблемот со масовното иселување не е новост. И во описот за потребата од оваа студија се осврнуваме на мноштвото истражувања и документи за јавни политики кои го тангираат проблемот, особено во делот на младинското емигрирање и таканаречениот феномен на одлив на мозоци. Она што е оригинално во нашето истражување е целната група. Ова е најверојатно единственото досега емпириско истражување кое опфаќа 915 испитаници - иселеници во последните три декади. Затоа ние оваа генерација на иселеници ја нарековме генерација ‘Независна Македонија’“, објаснува д-р Јосипа Ризанкоска, претседател на ДИЈАЛОГ.

„Наодите ја побиваат досега водечката хипотеза дека иселениците главно заминуваат од државата поради економски причини и ја потврдуваат алтернативната хипотеза дека лошата политичка клима ги тера македонските граѓани на масовно емигрирање.

Фактот дека половина од испитаниците планираат засекогаш да живеат надвор, 63% не би се вратиле ниту при евентуално интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија е сериозен аларм за курсот на политиките во државата. Уште попоразителни се оние 87% кои познаваат некого во државава што се спрема или планира да емигрира“.

Меѓу главните препораки на авторките на студијата е неопходноста од итно спроведување попис на населението, што би овозможило планирање на ефективни (демографски, социјални и економски) политики во земјата и кон иселениците. Понатаму како неопходни чекори се наведува дека јавните политики треба исклучиво да се базирани на анализи и докази а не на чисто партиски и/или Владини интереси, како и дека е потребна департизација на државните институции преку воведување на системот на заслуги (мерит систем) при вработување во институциите на локално и централно ниво, како основна мерка за зголемување на нивната ефикасност и ефективност. Исто така е неопходен услов за подигнување на нивото на доверба во нив од страна на граѓаните (како мерка против непотизмот и клиентелизмот).

„Карактеристиките на добро владеење стануваат многу полесно препознатливи за луѓето кои се иселуваат во политички системи во кои јавните политики обезбедуваат достоинствен живот. Тогаш човекот како да станува свесен дека политиката е многу повеќе од политичките партии и дека политиката може да го направи нашиот живот достоинствен или неподнослив. Знаеме дека на сите веќе кога ќе се зборува за поимот ‘политика’ им се појавува негативно чуство, сепак оваа студија потврдува за важноста на политиката како неопходност во насока на организирање квалитетен живот и потреба од граѓанско и политичко образование на граѓаните. Кога зборувам на граѓаните мислам и на оние кои имаат минимална желба за да политички партиципираат на локално или централно ниво, и на оние кои работат во јавните институции или кои обавуваат јавна функција. Политичката и граѓанската едукација ќе ги научи овие луѓе дека постои еден огромен простор надвор од политичките партии во кој може да се делува за јавно добро“, вели доц. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска.

реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе