ТРОГАТЕЛНИ СЦЕНИ ОД АЛИЈАНЦ

Никој не плачел по Јуве како Дибала

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала (28) синоќа тешко се прости од Јувентус кога го отстапи своето место на теренот во 78. минута од натпреварот од Серија А против Лацио (2:2).

Дибала претходно одби да го продолжи договорот со Јувентус бидејќи не му се допаднале предложените услови, па летово ќе ја смени средината како слободен играч.

По последниот свиреж на судијата, Аргентинецот се гушеше во солзи, соиграчите се обидуваа да го смират и навистина не се памти некој толку емотивно да го доживеал напуштањето на клубот.

URL

Ова е особено импресивно откако се знае дека тој не стартуваше во Јувентус, туку дека во торинскиот клуб пристигна во 2015 година од Палермо.

Пред тоа настапуваше за аргентинскиот Институто, а во претходните седум сезони беше еден од предводниците на „Старата дама“ за која одигра 291 натпревар.

Постигна 115 гола, беше миленик на навивачите, а во последните две сезони имаше многу проблеми со повреди.

Дибала моментално е на мета на многу европски фудбалски клубови, а навивачите на Јувентус сигурно не би сакале да заврши во редовите на еден од најголемите ривали - Интер.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе