СУПЕРКОПА ДЕ ЕСПАЊА 2020

Нокаут за црвен картон: Меси првпат исклучен во дресот на Барса

Фудбалерите на Барселона загубија синоќа во финалето на шпанскиот Суперкуп од баскиски Атлетик со резултат 3:2, а еден од најлошите играчи на каталонскиот тим беше Лионел Меси.

Капитенот на Барселона беше исклучително лош, а откако неговиот тим го испушти водството со резултат 1:0 и 2:1, Меси стана видно нервозен.

Фудбалерите на Атлетик имаа предност од 3:2 на крајот од натпреварот, а потоа Меси направи неверојатна глупост.

За време на еден од последните напади во мечот, Меси му ја додаде топката на Џорди Алба и ја започна трката кон казнениот простор на баскискиот тим.

Но, Асиер Виљалибре го турна со рамото, поради што на Меси „му се стемни пред очи“, и го удри напаѓачот на Атлетик од позади по глава и го нокаутираше.

Судијата Хесус Гил Мансано остави акцијата да продолжи, а откако натпреварот беше прекинат, тој реши да го погледне видеото од спорната ситуација и да му покаже директен црвен картон на Меси.

URL

Ова беше само трет црвен картон за Меси во неговата кариера и прв во дресот на Барселона.

Првпат беше исклучен во дресот на Аргентина во 2005 година, а вториот пат во 2019 година.

URL
реклама

Фудбал

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе