Nokia 8210 4G и Nokia 2660 Flip: Kласичните телефони подобрени за денешните барања

HMD Global го освежи дизајнот на своите легендарни уреди и воведе поддршка за 4G.

HMD Global, домот на телефоните на Nokia, објави три нови класични телефони. Беа претставени уникатните Nokia 5710 XpressAudio, со вградени безжични слушалки, како и Nokia 2660 Flip и Nokia 8210 4G.

За кого се наменети овие телефони? За оние кои сакаат одмор од паметните телефони и културата на постојано вклучена достапност, за оние кои сакаат издржлив уред, за оние кои сакаат долготрајна батерија, за носталгичарите, како и за оние кои едноставно сакаат евтин и сигурен телефон - и ништо повеќе.

Nokia 8210 4G

Наследникот на легендарниот телефон Nokia 8210 од 1999 година го доби својот редизајн за XXI век, како и поддршка за 4G конекција.

На предната страна на уредот има 2,8-инчен QVGA екран и тастатура T9 со придружни копчиња за навигација. На задната страна на телефонот има VGA камера, звучник и исечок, кој се користи за отворање на капакот и, доколку е потребно, замена на батеријата од 1450 mAh.

Телефонот се полни преку Micro USB портот, а и во толку мал уред не недостасува приклучокот за слушалки. Nokia 8210 4G се напојува со чипсет Unisoc T107, додека оперативниот систем е S30+. Има и поддршка за две SIM картички, VoLTE, Bluetooth 5.0 и FM радио.

На клиентите им е достапна само 128 MB внатрешна меморија, така што ќе биде потребна microSD картичка (до 32 GB) за складирање музика. Компанијата ветува 6 часа 4G повици или 7 часа 2G повици. Ако телефонот не се користи, може да трае 19 дена (4G Dual SIM) или 29 дена (2G Single SIM).

Nokia 2660 Flip

Паметните телефони неодамна ги добија своите виткачки модели, а Nokia 2660 Flip го носи тој вистински преврт што го сакавме кај класичните телефони.

Спецификациите на уредот не се разликуваат драстично од моделот Nokia 8210 4G - ист чипсет, иста дијагонала на екранот, ист капацитет на батерија и иста камера.

Она што го издвојува овој уред, освен дизајнот, е додавањето на 1,77-инчен QQVGA екран, компатибилност со слушно помагало и посебно копче за итни случаи, што го прави идеален за постари лица.

Тагови
реклама

Мобилни

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе