Норвешка ги укинува повеќето мерки: Заштитени сме со вакцини

МИА/КАЈГАНА
/ 02.02.2022 / 08:30

Норвешка ќе ги укине поголемиот дел од преостанатите мерки воведени поради ширењето на COVID-19, бидејќи е малку веројатно дека постојаното зголемување на бројот на случаи на коронавирус ќе го загрози здравствениот систем, изјави премиерот Јонас Гар Сторе.

Норвешка влезе во делумно затворање во декември поради борбата против варијантата омикрон која брзо се шири, но повеќето од овие мерки повеќе не се потребни, соопшти норвешката Влада.

„Дури и ако многу повеќе луѓе се заразат, помалку се хоспитализирани. Добро сме заштитени со вакцини. Тоа значи дека можеме да ублажиме многу мерки дури и кога стапката на инфекција брзо расте“, рече Сторе на прес-конференција.

Рестораните повторно ќе смеат да служат алкохол по 23 часот, работата од дома веќе нема да биде задолжителна, а сегашната граница од 10 посетители во приватните домови ќе биде укината.

И понатаму ќе се инсистира на основните мерки за физичко растојание, кои опфаќаат растојание од најмалку еден метар при контакт и носење маска во затворен простор, соопшти Владата.

Најавата на норвешката Влада уследи по сличните одлуки на соседна Данска и други европски земји, вклучително и Велика Британија, Ирска и Холандија, кои ги олеснија или укинаа мерките во последните недели во обид да се вратат на нормално функционирање.

Тагови
реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе