Норвешка нареди инфлуенсерите да нагласат кои фотографии се ретуширани

Новиот закон на норвешкото Министерство за деца и семејни работи бара од инфлуенсерите и огласувачите да нагласат кои фотографии објавени на социјалните мрежи се ретуширани. На тој начин Владата ќе се обиде да ги потисне нереалните идеали за убавината.

Законот беше усвоен на почетокот на овој месец. Фотографиите на кои е променета големината на некои делови од телото или структурата на кожата на моделите, треба да содржат ознака дизајнирана од Министерството за деца и семејни работи. Така, ова значи дека намалувањето на половината, зголемувањето на усните или дошминкувањето се непожелни.

Ова ќе влијае само на фотографиите што се користат за промотивни цели. Сепак, законот вклучува и фотографии што ги споделуваат познати личности, односно инфлуенсери на платформи како што се Instagram, TikTok, Facebook, Snapchat и Twitter. Со други зборови, погодени се оние објави од кои инфлуенсерите заработуваат.

Ова не е прв пат да се преземат мерки против нереалните идеали за убавина. Getty Images отстрани ретуширани фотографии од својата база на податоци. Во 2017 година, Франција воведе закон со кој се забранува модните списанија да го објавуваат споменатиот вид фотографии.

„Овој закон е една од мерките против лажната убавина. Се надеваме дека ќе дадеме значителен придонес во борбата против негативното влијание што го има рекламирањето врз сите луѓе, особено врз децата и младите“, соопшти Министерството.

Тагови
реклама

Живот

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Read more

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more
 

Магазин

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе