Нов момент: Русија ќе повлече дел од трупите со украинската граница

Б.С.Б.
/ 15.02.2022 / 11:00

Руското министерство за одбрана соопшти дека некои трупи, сместени на границата со Украина, се враќаат во своите бази по завршување на воените вежби.

Но, продолжуваат голем дел од вежбите ширум земјата, пренесе агенцијата Интерфакс.

Ова е нов момент кога станува збор за ситуацијата со Украина. Русија има присуство на силни трупи на границата со Украина во текот на одржување воени маневри.

Вежби паралелно се одржуваат и во соседна Белорусија, која е сојузник на Москва. Западот предупреди на опасност дека Русија ги користи воените вежба за да изврши инвазија на Украина.

Уште од почетокот на обвинувањата, Москва ги отфрла ваквите обвинувања и истакнува дека нема намера да ја нападне соседна Украина.

Американски функционери претходно изјавија дела инвазијата на Украина може да почне на 16 февруари.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа се обрти на нацијата и соопшти дека има информации нападот да се случи на 16 февруари. Ги повика Украинците на единство, рамо до рамо со војската да се одбранат од руската инвазија.

Во меѓувреме, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го извести рускиот претседател Владимир Путин дека Москва заврши со одреден дел од воените вежби кои се одржуваат ширум земјата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе