Нов скандал во Јуве: Фаџоли се соочува со тригодишна забрана за играње фудбал

Макфакс/Кајгана
/ 11.10.2023 / 12:19

Нема крај на проблемите во редовите на „Старата дама“. Откако Пол Погба беше обвинет за допинг, суспензија му се заканува на уште еден играч. Италијанските медиуми открија нова афера во Јувентус, наводно Николò Фаџоли се обложувал на нелегални платформи, што е забрането со италијанските закони.

Коцкањето не е кривично дело, забрането е обложување во обложувалници кои не се овластени од италијанската влада, а уште полошо, забрането е да се обложуваат професионални фудбалери, учесници на натпревари достапни за обложување.

Истрагата против Фаџоли ја покренал државниот обвинител Мануел Педрота, а играчот на Јувентус е под лупа веќе неколку месеци. Со постапката се запознаени и адвокатите на Јувентус, а сега останува да се утврди дали Фаџоли е виновен.

На само 22-годишна возраст Фаџоли на коцка ја става неговата кариера. Доколку биде прогласен за виновен би можел да биде суспендиран од професионалниот фудбал дури 3 години.

Инаку, оваа сезона играчот од средниот ред почна да добива сѐ повеќе шанси кај Макс Алегри, одигра 6 натпревари и забележа една асистенција во Серија А. Има и еден настап за репрезентацијата на Италија, лани, под Роберто Манчини.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе