Нов Зеланд сака да го забрани пушењето за идните генерации

Владата на Нов Зеланд воведе нов закон со кој се обидува целосно да го забрани пушењето за идните генерации, пишува Guardian.

Тоа планираат да го направат со поставување на нов лимит за набавка на цигари секоја година. Новите мерки за кои се расправаше во Парламентот се сметаат за први мерки од ваков тип во светот.

Пратениците од Нов Зеланд ветија дека ќе стават крај на, како што велат, одвратното и бизарно владеење на тутунските компании, со воведување на прв светски закон што ќе ја спречи следната генерација да може легално да купува цигари.

Повеќето партии го поддржаа законот

„Со децении им дозволувавме на тутунските компании да го задржат својот удел на пазарот со тоа што го направија нивниот смртоносен производ сè поголема зависност. Тоа е одвратно и бизарно. Имаме повеќе прописи во оваа земја за безбедноста на продажбата на сендвичи отколку цигарите“, рече помошникот министер за здравство Ајеша Верал.

Предлог-законот е на прво читање и имаше речиси универзална поддршка. Се очекува законот да стапи на сила во 2023 година. Правилата важат само за тутунски производи. Опозицискиот национален пратеник Мет Дуси рече дека иако партијата ќе го поддржи законодавството во оваа фаза, тие се загрижени за неговата експериментална природа. Либертаријанците беа единствените кои се спротивставија на законот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе