Доаѓа есен, време е за хорори.
Netflix го објави трејлерот за претстојната готска хорор серија The Fall of the House of Usher, во режија на Мајкл Фимоњари и Мајк Фланаган, позната по хит сериите The Haunting of Hill House и The Haunting of Bly Manor. The Fall of the House of Usher е заснована на делата на писателот Едгар Алан По.
Серијата го следи богатото и привилегирано семејство Ашер, предводено од братот и сестрата, Родерик и Медлин Ашер, основачи на корумпираната фармацевтска компанија Fortunato Pharmaceuticals. Но, животите на членовите на семејството се менуваат засекогаш откако мистериозна жена од минатото почнува да ги убива наследниците на компанијата, еден по еден.
Сценариото за серијата го напиша Фланаган, а во актерската екипа се Карла Гугина, Брус Гринвуд, Мери Мекдонел, Карл Лумбли, Т'Нија Милер, Рахул Коли, Кејт Сигел и Марк Хамил. Голем дел од актерската екипа е позната по соработката со Фланаган и се појавувале во негови претходни серии.
The Fall of the House of Usher ќе биде премиерно прикажан на 12 октомври на Netflix.