Нова снимка откри нови детали: Михалис го усмртил навивач на АЕК?

Навивачите на загрепски Динамо и натаму се наоѓаат во грчките затвори каде ја чекаат својата судбина за нередите кои неодамна се случија во Атина, а во меѓувреме се појави и нова теорија во врска со убиството на Михалис Кацурис.

Новото видео оди во прилог на оние што тврдат дека хрватските навивачи не носеле ножеви. Според новата теорија. Михалис бил несреќно ранет со нож од навивач на АЕК бидејќи токму овој хулиган во бордо маица е ставен во прв план на видеото објавено од грчката полиција.

Имено, тој трчал покрај Михалис откако заедно учествувале во пресметката со Бед Блу Бојс, која траела кратко проследена со фрлање молотови коктели, повеќето фрлени од домашните хулигани.

Потоа навивачите ан АЕК се вдале во бегство, а токму во тој момент дошло до претходно видениот детаљ кога некој со палка го удира Михалис по грбот. На напаѓачот се гледа бела трака, какви што користеле БББ за да се обележат пред нередите, но тој удар не бил кобен, како што велеше една од првите теории.

На најновата снимка во прв план е ставен домашен навивач во бордо маица кој во моментот на напад на хрватските навивачи бил покрај Михалис.

Грчките медиуми тврдат дека во десната рака има некаков предмет, можеби нож, и во тој момент додека трчале се гледа некаков контакт меѓу десната рака на човекот во бордо маица и левата рака на Михалис, на која се здоби со повреда од која набрзо до смрт искрвари во блискиот киоск.

URL

И пред опишаниот момент човекот во бордо маица необично се однесува и се приметува како во нередите влегува со предмет замотан во нешто, а потоа го одмотува пред контактот со противничката група.

Иако со сигурност ништо не може да се тврди, снимката фрла нова слика на целиот настан и сѐ поочигледното несреќно ранување во непотребната пресметка која таа вечер се случи во Атина.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе