Новата најпопуларна серија на Netflix ја нарекуваат „ѓубре од ТВ-сапуница“

Серијата „Ginny & Georgia“ штотуку го сруши рекордот на Netflix што го држеше мегапопуларниот документарец „Tiger King“ скоро една година.

Имено, ниту една серија никогаш не доминирала во топ 10 листата на Netflix како „Ginny & Georgia“ во моментов. Оваа тинејџерска хумористична драма е на врвот на листата со најпопуларни содржини на Netflix 28 дена по ред, додека зад неа сега стои „Tiger King“, кој го држеше рекордот „само“ 27 дена.

„Ginny & Georgia“ може да стане најпопуларната серија на Netflix воопшто, но сè уште се чекаат официјалните бројки од компанијата, пишува Forbes.

Според досега достапните податоци, серијата е најгледаната серија на Netflix во најдолг временски период во најдолг временски период откако платформата почна да ја составува топ 10 листата.

Ова се сериите кои досега најдолго време биле најгледани во непрекинат период:

1. Ginny & Georgia - 28 дена

2. Tiger King - 27 дена

3. The Queen’s Gambit - 22 дена

4. Ratched - 15 дена

5. The Umbrella Academy - 15 дена

6. 13 Reasons Why - 14 дена

7. Away - 12 дена

8. Unsolved Mysteries - 12 дена

9. Floor is Lava - 12 дена

10. The Crown - 11 дена

11. The Haunting of Bly Manor – 11 дена

12. Dead to Me - 10 дена.

Овој успех е уште поголем кога ќе се земе предвид дека кога почна да се емитува на Netlix, „Ginny & Georgia“ не беше една од „извиканите“ серии на популарната стриминг платформа. Во првите денови откако беше пуштена, серијата беше четврта на топ 10 топ листата и се претпоставуваше дека за серија од 10 продолженија тоа ќе биде максимумот.

Серијата ја следи приказната за Џорџија Милер и нејзината ќерка Џини. Автор на серијата е Сара Ламперт, а главните улоги ги толкуваат Бријана Хауи, Антонија Џентри, Дизел Ла Торака, Џенифер Робертсон и Феликс Малард.

Приказната предизвика поделени реакции - додека некои беа воодушевени, други ја нарекуваа „ѓубре од ТВ-сапуница“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе