Нови 22 случаи на COVID-19

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 64 оздравени пациенти, во Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1.

Во изминатите 24 часа, како што информира Министерството за здравство, направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на COVID-19, и тоа во Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7.

Вкупната бројка на COVID дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 563, активни 128, Куманово – 408, активни 44, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –178, активни 58, Тетово – 117, активни 58, Струга – 67, активни 4, Велес – 107, активни 49, Битола –23, активни 4, Охрид –15, активни 0, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –19, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 0, Кратово-2, активни 2 и Берово-1, активни 1.

Направените 145 теста се преку: ИЈЗ –122, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –17, Систина со PCR метода  -0 и МАНУ -6.  Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на COVID-19.

Како што информира Министерството, изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација двајца.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште четири се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на COVID, а на домашно лекување се следат три пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на COVID-19. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе