Нови 60 контејнери за стакло ќе бидат поставени во Скопје

Рециклирањето на стакло зема сѐ поголем замав во главнот град, граѓаните имаат интерес да рециклираат, па поради тоа Град Скопје од денес почна со поставување на нови контејнери токму за оваа намена.

Рециклирањето на отпадот е практика која масовно се применува во најголем дел европски земји кои ги почитуваат највисоките еколошки стандарди за третман на отпадот. Следејќи ги тие стандарди, новите 60 контејнери за депонирање на стаклен отпад ќе го зголемат бројот на вакви локации на 122 ширум македонската престолнина.

„На овој начин се надеваме дека свеста за рециклирање на стаклото ќе продолжи да расте и да се зголемува, а дополнително ќе им се овозможи на ангажираните експерти кои го следат целиот процес да развијат соодветен модел за рециклирање на стаклото, што во иднина ќе биде применлив и во други вакви средини во целиот регион“, велат од Град Скопје.

Новите 60 контејнери ќе бидат распоредени во општините Гази Баба и Аеродром.

„Со новите контејнери очекуваме да се собере најмалку 20% повеќе стакло во однос на 2020 година, а градот само ќе продолжи да ја надградува ваквата инфраструктура на контејнери и во иднина, не само за селекција на стакло, туку и за хартија и пластични шишиња со што нашата цел да го трансформираме Скопје во модерна и паметна метропола ќе стане уште поблиска“, додаваат.

„Само од овој проект обезбедени се вкупно 122 контејнера за стакло, имајќи ги предвид и претходните 62 кои веќе се распоредени низ нашиот град неколку месеци. Во таа насока дозволете да изразам благодарност до ГИЗ, ЗЕЛС и „Пакомак“, кои се имплементатори на проектните активности. Целта е со зајакната отпадна инфраструктура да се дејствува за подигање на свеста на граѓаните за рециклирањето на стаклото како амбалажен материјал“, рече градоначалникот Петре Шилегов на вчерашната промоција на новите контејнери.

Градот Скопје е една од шесте единици на локална самоуправа опфатени со овој проект во нашата држава, покрај Битола, Гевгелија, Илинден, Штип и Тетово и е еден од 14-те градови и општини од трите земји учеснички во  овој проект - Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Во моментов најмалку контејнери има за хартија, оние со сина боја, кои ретко во која населба ги има и за кои граѓаните постојано апелираат преку социјалните мрежи дека потребни се повеќе.

Фото: Град Скопје

реклама

Македонија

Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more
 

Вести

Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе