Нови детали за Samsung Galaxy S23 Ultra

Уредите од серијата Galaxy S редовно се рангираат меѓу најдобрите паметни телефони на пазарот.

Како што се приближува датумот на претставување на новата генерација на најмоќните смартфони на Samsung од серијата Galaxy S, на интернет кружат сè повеќе и повеќе гласини за овие уреди. Неодамна се појавија нови информации за моделот Galaxy S23 Ultra, благодарение на кои сега знаеме речиси сè за најдобриот телефон од новата серија.

Samsung Galaxy S23 Ultra, според тие информации, би требало да има голем екран со дијагонала од 6,8 инчи и резолуција од 3088 x 1440 пиксели, а ќе биде придвижуван од чипсет Snapdragon 8 Gen 2, во комбинација со 8GB или 12GB RAM. 

URL

Исто така, корисниците ќе можат да избираат помеѓу 256GB, 512GB и 1TB простор за складирање податоци, што ќе зависи од цената на уредот.

Љубителите на фотографијата секако ќе ја најдат најважната информација дека телефонот ќе има главна камера со резолуција од дури 200MP, како и три дополнителни камери на задната страна на телефонот - широкоаголни 12MP, камера од 10MP со троен зум и камера од 10MP со дури 10x зум.

Капацитетот на батеријата е 4855 mAh, а меѓу другото телефонот доаѓа со сензор за отпечатоци сместен под екранот. Димензиите на уредот се 163,4 x 78,1 x 8,9 mm, а тежи 233 грама.

Ultra ќе биде најсилниот модел од оваа серија, а освен него можеме да очекуваме уште два модели од истата серија - S23 и S23 Plus. Некои претходни гласини сугерираа дека презентацијата на овие уреди може да ја очекуваме веќе на крајот на оваа година, но се чини дека тие гласини не беа точни, а Samsung најверојатно ќе ги претстави на крајот на февруари.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе