Новинарите на протест со залепени усни: Обезбедете услови за работа, без притисок, заплашување и цензура

Со залепени усни и транспаренти против цензура по пресудата за новинарите на ИРЛ и заклучокот дека не се новинари, медиумските работници денеска пред судот побараа да им се обезбедат основни услови за работа. Новинарите, камерманите и фоторепортерите сметаат дека пресудата е чин на заплашување и обид да се контролираат медиумите.

„За да се избегне ваква ситуација во иднина со девалвирање и омаловажување на интегритетот на новинарите, кои држат до професионалните новинарски стандарди, се надеваме дека ќе направите чекор за подобрување на состојбата во која се наоѓа судството и ќе обезбедите соодветни и најважно – правични услови за работа на новинарите и снимателите без притисок, заплашување и цензура“, порачаа новинарите.

Едногласни се во ставот дека ваквата пресуда нема да ги замолчи, туку ќе ги направи посилни во борбата.

Протестот го поддржаа Самостојниот синдикат на новинарите и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). ЗНМ веќе поднесе претставка до Судскиот совет, во која бара да се утврди одговорноста на судијката Јованка Спировска-Панева оти без објаснување ги исклучи новинарите од судницата за да ги соочи главната уредничка на ИРЛ, Сашка Цветковска, и Кочо Анѓушев.

ИРЛ беше осудениа за клевета по тужба на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и компанијата „БРАКО“ за емисијата „Заговор против воздухот“.

Remote video URL
Тагови
реклама

Македонија

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Read more

Почна заверката на пензионерските билети на ЈСП за 2026 година

Read more

Бислимоски: Доколку ЕУ ни воведе јаглеродна такса, тргување со струја ќе има само меѓу земјите што не се во ЕУ

Read more

Ќе нема струја во делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Read more
 

Вести

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Уапсен детски психијатар во Хрватска, со години ги злоставувал своите малолетни пациенти

Читај повеќе
  • play_arrow

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Читај повеќе

При претреси во Виница и Виничко пронајдени 43 златни и сребрени монети, петмина уапсени

Читај повеќе

Каде се заработува најмногу? Објавени просечните плати низ Европа

Читај повеќе

Reuters: Германија има план од 10 точки за Украина

Читај повеќе

Швеѓаните забележале руски војници на танкери од „флотата во сенка“

Читај повеќе
  • filter

Што одбра Бугарија да стави на евро монетите?

Читај повеќе