Новиот голман на Спартак ги разлути феминистките

Московскиот хокеарски клуб Спартак стана цел на жестока онлајн дебата откако објави фотка од девојка која стои на гол во провокативна облека и напомена дека таа е новиот голман на тимот.

Новодојденката во тимот на сликата стои свртена со грбот кон камерата, облечена е во тесно, црвено боди кое јасно се гледа под проѕирниот „дрес“.

„Испробувавме нов голман кој има перфектна реакција. Што мислите? Воедно, испративме и барање во ИИХФ да се направи голот помал“, објави Спартак на својот официјален Twitter профил.

URL

Девојката, која ги носи традиционалните бои на Спартак, носи чорапи наместо хокеарски штитници, а нејзиниот полугол задник стана причина за жестока дебата на социјалните мрежи.

Додека некои навивачи на московскиот великан уживаат во шегата и го фалат медиумскиот тим на клубот за неговата смислам за хумор, други сугерираат дека ја минале црвената линија со ваквата фотка.

„Се плашам дека ќе прима многу голови“, напиша еден загрижен навивач.

„Може ли да ги погледнеме сите кандидати за оваа позиција“, додаде друг.

„Па, да, мислам дека оваа игра многу подобро од голманот на Спартак“, напиша трет.

„Треба да бидете внимателни со вакви објави. На фенимистките нема да им се допадне, ќе ве обвинат за сексизам“, напиша еден пореален навивач.

„Ова е премногу, воопшто не е во ред“, друг потврди дека не на сите им се допаѓа глетката.

„Да бевте во САД, веднаш ќе добиевте тужба за вакви шеги“, предупреди некој.

По 51 натпревар во руската КХЛ, тимот на Спартак е на 9. место во Западната конференција и сѐ уште нема обезбедено пласман во плеј-офот. Одбраната на тимот не фунскционира сезонава, има примено дури 148 голови, а саботниот пораз од високи 5:0 дома од СКА само го потврдија тоа, па оттаму и шегата за новиот голман.

Remote video URL
Тагови
реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Останати спортови

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе