Ново истражување ја потврдува врската помеѓу витаминот Д и COVID-19

Израелски научници открија впечатливи разлики во ризикот од тешка форма на болеста COVID-19, кога ги споредуваа пациентите кои имале доволно нивоа на витамин Д пред да се заразат, со оние кои немале.

Студијата објавена во списанието PLOS One покажа дека околу половина од луѓето на кои им недостигал витамин Д пред да добијат COVID-19, развиле потешка форма на болеста во споредба со помалку од 10 проценти од луѓето кои имале доволно нивоа на витаминот во крвта.

Знаеме дека витаминот Д е од големо значење за здравјето на коските, но неговата улога во заштитата од тешкиот COVID-19 е помалку позната.

Најновата студија е прва што ги испитува нивоата на витамин Д кај поединци пред да се заразат со COVID-19, велат авторите на студијата.

„Откривме дека е неверојатно и запрепастувачки да се види разликата во ризикот на едно лице да се разболи со тешка форма на болеста кога има недостаток на витамин Д во споредба со некое лице кое има доволно нивоа на овој витамин“, вели авторот на студијата за Times of Israel.

Авторите велат дека резултатите сугерираат дека витаминот Д помага имунолошкиот систем да се зајакне за да се справи со вирусите кои го напаѓаат респираторниот систем.

„Ова е релевантно за омикрон како и за претходните соеви“, велат тие.

Истражувањата не докажуваат дека витаминот Д штити од COVID-19 и не е зелено светло за избегнување вакцини и земање витамини. Вакцините го намалуваат ризикот од хоспитализација поради омикрон, особено по бустер дозата, до 90 отсто, според Британската агенција за здравствена безбедност.

Повеќето витамин Д доаѓа од директното изложување на кожата на сончева светлина. Го има и во храната како што се мрсна риба, печурки и жолчки од јајце, како и суплементи.

Продолжете да читате: Кои се симптомите дека ви недостига витамин Д?

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе