Новогодишна свечена салата со пилешко и мак

Најубавиот украс на новогодишната трпеза ќе биде оваа свечена салата со пилешко и мак. Ова предјадење се прави од евтини состојки.

Свечените салати стануваат с попопуларни, а освен што преубаво изгледаат и ја украсуваат секоја трпеза, и неверојатно се вкусни. Изгледаат како торти, а состојките можете да ги користите по желба. Наш предлог е свечена салата со пилешко и мак која совршено ќе се вклопи на сечија новогодишна трпеза. Комбинацијата на состојките е полн погодок, а подготовката никогаш полесна.

Потребни состојки:

  • 1 батак
  • 3 домати
  • 2 јајца
  • 120 гр тврд кашкавал
  • 3 тост лепчиња
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка блага пипер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица мак
  • мајонез
Подготовка:

Месото и јајцата сварете ги, а потоа кашкавалот и лебот исечкајте ги на помали коцки. Толчениот лук посолете го, побиберете го, додадете блага пипер и турете му масло. Промешајте и оставете 5 минути, а потоа процедете ја смесата во тава (да остане само масло во тавата), па пропржете го сечканиот леб. Доматите и сварените јајца исечкајте ги на ситни коцки, а на месото извадете му ја кожата и исечкајте го на ситни коцки. На поголема чинија ставете обрач со пречник од 20 сантиметри и турете го пилешкото, па израмнете. Премачкајте со мајонез, ставете ги јајцата и израмнете. Посолете и премачкајте со мајонез, па наредете ги доматите. Повторно премачкајте со мајонез, па додадете го кашкавалот. И за последен пат премачкајте со мајонез, па посипете со препечените коцки леб. Тргнете го обрачот, салатата посипете ја со мак и ќе биде подготвена за на трпеза.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Рецепти

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе