Новогодишно обраќање на претседателот на ФФМ: Да осигураме светла иднина на македонскиот фудбал

По повод влегувањето во новата година, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини направи детална анализа на сработеното во македонскиот фудбал изминатава 2019 година. Од претстојниот бараж за пласман на ЕУРО, до новите стадиони кои се градат во Охрид, Чаир и Битола, преку проектите на УЕФА и ФИФА до македонската Прва лига.

Македонската репрезентација во бараж за пласман на ЕУРО 2020

„Пласманот на Европско првенство е остварување на сонот. Јас се надевам дека македонската репрезентација ќе биде во најдобро издание на бараж натпреварите против Косово на Националната арена „Тодор Проески“, а потоа и на финалната пресметка, сеедно дали ќе биде во Грузија или Белорусија. Оваа генерација одигра одлични натпревари во квалификациите и ја врати довербата во најдобриот национален тим. Напредокот во играта и посветеноста на тимот го видоа сите. Но, фудбалот бара постојано да бидеме одговорни. И ние како федерација која им овозможува услови за подготовка и натпревари на репрезентацијата, но и стручниот штаб кој ги наметнува фудбалските вредности, дисциплината и почитта во тимот. Искрено, се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата и ќе уживаме во моментите на радост. Треба да го задржиме заедништвото и квалитетот во натпреварите. Токму поради тоа, со голем оптимизам гледаме кон Европското првенство. Посакувам голема среќа на натпреварите за историски пласман на ЕУРО 2020. Федерацијата, како и секогаш до сега, ќе осигура максимални услови за репрезентацијата. Верувам дека и нашите навивачи ќе уживаат и ќе бидат голема поддршка“.

Инфраструктура

„Се надевам дека ќе биде подобро, тоа е желба на Фудбалската федерација на Македонија и на сите кои работат во нашиот фудбал. Ќе се повторувам ако кажам дека ФФМ како инстутуција не може сама да го носи товарот за целосно обновување на фудбалската инфраструктура. Ние зависиме и од локалната самоуправа, градовите и државата. Наша голема предност се проектите како УЕФА HatTrick или ФИФА Forward и од овие проекти го земаме најдоброто и инвестираме. Тоа е добар темел за македонскиот фудбал. Но, локалната и државната власт мора да бидат одлична поддршка за овие проекти. Приоритет во наредниот период се Чаир и Охрид, таму градиме нови трибини, но секако имаме одговорност и за Прилеп. Чесно е да признаеме дека таму имавме одредени проблеми со нашиот дел од договорот во однос на тревната површина, во постојана комуникација сме со локалните власти и се надевам дека многу брзо ќе го решиме и тоа. Планираме ново осветлување на тренинг центарот „Петар Милошевски“, замена на вештачката трева на двата терени, како и поставување рефлектори на стадионот во Битола, бидејќи тоа е наша обврска од договорот со УЕФА и општина Битола. Целта на оваа федерација е да создадаваме услови за многу повеќе фудбалери да тренираат и играат во одлични услови. Но, илузија е дека тоа можеме да го постигнеме сами. Ги повикуваме локалните и државните власти да се вклучат и да помогнат бидејќи со тоа вложуваме во нашите деца и здравјето на целата нација“.

МФЛ

„Клубовите се една од основните клетки на македонскиот фудбал, темел на нашиот спорт и сите ние кои сме дел од структурите во „Куќа на фудбалот“ имаме одговорност да им помогнеме и да бидеме нивна поддршка. Вложувањата во базата можат да придонесат за успешна иднина за македонскиот клупски фудбал. Како федерација се обидуваме да ги унапредиме сите служби во различни натпреварувања, од судиската организација преку делегатите до контролорите, да постигнеме поголема ефикасност во арбитражата и дисциплинските постапки. Невозможно е да бидеме и финансиска и логистичка поддршка за сите 560 фудбалски клубови во државата. Но, правиме сѐ, фудбалското семејство да биде задоволно од ФФМ како нивен главен сервис. Задоволство е што меѓу нас, од односот ФФМ - клубови гледаме позитивна атмосфера и се надевам дека тоа ќе придонесе за подобра состојба и на стадионите, за поквалитетна работа на тимовите и нивната струка и организациски напредок на структурите во клубовите. Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе биде сервис на клубовите и целосна поддршка кога се во прашање фудбалските работи. Но, мораме да ги почитуваме пред сѐ правилата за лиценцирање и критериумите за стадиони. Искрено, се надевам дека македонскиот клупски фудбал со поддршка од ФФМ само ќе се доближува до европските стандарди. Посакувам сите клубови да ги почитуваат фер-плеј принципите и да бидеме сведоци на интересно и неизвесно првенство до самиот крај. Ниту мене, ниту на било кој во ФФМ, грешките не ни се од интерес и се надевам дека на крајот ќе зборуваме само за фудбалските работи, а не за сценарија кои решаваат за титула или испаѓање од лига“.

УЕФА и ФИФА

„Фудбалската федерација на Македонија е среќна што во УЕФА и ФИФА има одлични партнери, на тој начин градиме уште посилна федерација со добра структура и одлични односи со другите асоцијации. Јас знам, мене ми е јасно дека ние овде, на овие простори имаме таков менталитет, нетрпеливи сме и постојано бараме „нешто сензационално или нешто што нема допирна точка со нашата работа, нешто што би ставила темна дамка“, но, ако сме искрени кон сите и пред себе, гласно ќе кажеме дека сами се изборивме за ваков однос со УЕФА и ФИФА. ФФМ е нераскинлив дел од тоа семејство, а првите луѓе на УЕФА и ФИФА со епитети зборуваат за нашата посветеност и ќе бидат поддршка се додека ние се однесуваме и работиме според главните постулати на најважните фудбалски институции“.

Младински репрезентации и фудбалска академија

„Eден од главните приоритети останува развојот на младинскиот фудбал. Направивме голема работа со фудбалската академија која е во рамки на ФФМ, но наша цел е да им помогнеме и на клубовите да ја развијат младинската база. Оттаму, постојано се обидуваме да помогнеме и преку техничка поддршка за развој на младинскиот фудбал. Нашите тренери постојано ги праќаме да се едуцираат меѓу најдобрите, а тоа секако носи резултат и во младинските категории. Годинава младите национални тимови имаа рекорден број натпревари, условите овде во тренинг центарот „Петар Милошевски“ се на високо ниво и ќе продолжиме во таа насока. Се разбира, тренерите и селекторите, исто така имаат своја одговорност. Сите ние зависиме од резултатите. Не бараме пласман на Европско првенство од секоја генерација, но знаеме каде и колку можеме. Се надевам дека и младата репрезентација до 21 година ќе продолжи со успешни настапи во квалификациите и ќе се бори за висок пласман. Гледајќи го календарот со натпревари за 2020 година бројот на натпревари повторно ќе биде исклучително голем, а тоа е одлично за фудбалерите од младинските тимови и нивните предводници. Базирајќи ја програмата според насоките кои ги добиваме од елитни стручни луѓе од УЕФА за развој на младинскиот фудбал, наша цел е да осигураме светла иднина на македонскиот фудбал“.

2020

„Посакувам да се пласираме на Европското првенство. Посакувам многу плодна работа на националните тимови и секако успех на македонските клубови. Секој ден илјадници фудбалери, тренери, фудбалски работници стануваат и напорно работат за својата екипа, својот клуб, својата репрезентација и нашиот фудбал. На сите им се заблагодарувам за трудот и придонесот. Во име на Фудбалската федерација на Македонија, би сакал да се заблагодарам на сите кои работат во нашиот фудбал и се разбира на навивачите и поддржувачите на нашата репрезентација да им посакам сѐ најдобро во иднина. Фудбалот ги обединува луѓето без оглед на полот, расата, религијата или политичката припадност. Треба да бидеме задоволни што имаме можност да работиме и придонесуваме за негов развој. Посакувам Среќни празници и нека нѐ следи мир и радост“.

Фото: ФФМ

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Фудбал

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Read more
 

Спорт

  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе