Обамејанг објави репрезентативна пензија, ќе ѝ се посвети на Барса

По 13 години во дресот на Габон одличниот напаѓач одлучи дека е време да се збогува од националниот тим.

Пјер-Емерик Обамејанг потврди дека е дојден крај на неговата авантура во репрезентацијата на Габон и дека отсега целосно ќе му се посвети на клупскиот фудбал и враќањето на Барселона на победнички патеки под водство на Чави Ернандес.

„После 13 години гордо претставувајќи ја мојата земја, соопштувам дека ја завршувам мојата репрезентативна кариера. Сакам да им се заблагодарам на габонскиот народ и сите оние кои ме поддржуваа во добро и во лошо. Ќе ми останат гомила одлични спомени, како денот кога дебитирав, или денот која од Нигерија се вратив со африканската Златна топка“, пишува Обамејанг во писмо со кое им се обрати на габонските навивачи.

Обамејанг играше за Габон од март 2009 година, но никогаш не успеа со оваа африканска земја да се избори за настап на Мундијал. Запиша 72 настапа на кои постигна 30 голови, а последниот му беше на 4 јануари годинава кога го постигна единствениот гол во победата од 1:0 на пријателска против Мавританија како дел од подготовките за Африканскиот куп на нации на кој Обамејанг не настапи откако закачи ковид.

„Сакам да им се заблагодарам на сите мои тренери, членови на стручниот пштаб и играчи со кои сум соработувал во кариерата. На крај, му се заблагодарувам на мојот татко кој ми ја всади желбата да бидам како него, се надевам дека го направив горд носејќи ги нашите бои“, додаде.

Роден во француски Лавал, Обамејанг можеше да игра за Франција, земјата каде е роден, потоа Шпанија бидејќи мајка му е Шпанка, а на крајот се одлучи за Габон, репрезентацијата која неговиот татко Пјер Обамејанг порано ја предводеше како капитен. Обамејанг подоцна го направи истото, стана капитен на Габон, а со репрезентцаијата настапи на 5 африкански првенства како и на Летните олимписки игри 2012 во Лондон.

Капитенот на „Пантерите“ во јуни ќе го прослави својот 33 роденден.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе