Обединетото Кралство ќе гради центар за азил во Албанија

Имигрантите кои со мали бродови од Франција ќе се обидат да го минат каналот Ла Манш ќе бидат сместувани во центар за азил во Албанија, според новиот договор, пишува британскиот весник The Sun, а пренесува албански Top Channel.

Илегалните мигранти ќе летаат 1.500 километри до центарот за азил кој ќе биде изграден на море на Балканот, додека се разгледуваат нивните апликации.

Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател се надева дека ова ќе ги одврати имигрантите кои планираат да го направат опасното преминување преку каналот.

Таа додава дека „владите треба да бидат способни да ја разгледаат секоја можност кога станува збор за барателите на азил“.

Според The Sun, официјалните претставници во Лондон и Тирана потврдиле дека се блиску до постигнување договор за центарот.

„Шефот на кабинетот на премиерот Борис Џонсон, Ден Розенфилд, е клучен двигател на политиката, а дипломатите од Министерството за надворешни работи помагаат во тоа. Секретарката за внатрешни работи јасно стави до знаење дека сака ова да се случи. Преговорите, според неа, се во техничка фаза. Сега се прецизираат деталите, како што се точната локација и капацитетот“, пишува The Sun.

Се додава дека формирањето ваков центар во странство било дел од новиот предлог-закон за националност и граници.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе