Објавен новиот стрип „Астерикс и грифонот“

МИА / КАЈГАНА
/ 22.10.2021 / 11:27

Астерикс и Обеликс се упатуваат кон исток, во својата прва авантура објавена по смртта на креаторот на серијата Алберт Удерзо. Тој почина во март минатата 2020 година, на 92-годишна возраст.

Во стрипот „Astérix et le Griffon“, објавен вчера, тандемот патува за Русија, првпат откако стариот Гетафикс има сон за посета од шаман кој го замолува да се упати кон исток според едно древно пророштво дека „помошта ќе дојде од Галите, особено од најмалите“. Тројцата потоа се впуштаат во пространството на снежната степа, но првата пречка е судир со легијата на Цезар што, секако, е неизбежна.

„Астерикс и грифонот“ е 39-тиот стрип и петто заедничко дело на авторот Жан-Ив Фери и илустраторот Дидје Конрад. Иако ова е првата авантура на Астерикс објавена по смртта на оригиналниот илустратор на серијата, Удерзо ги видел првите скици и нацрти на приказната.

„Со новото издание, мислев дека сме најдалеку од стилот на Госини и Удерзо! …Но, сега пристигнуваат првичните реакции на луѓето кои го читаат стрипот. И тие ми велат: 'Ова е издание во коешто досега најмногу се доближивте до стариот стил'. Значи, тоа е многу субјективна работа“, изјави Фери за DPA.

Удерзо во 1959 година ги создаде ликовите Астерикс и Обеликс, со авторот Рене Госини. По ненадејната смрт на Госини во 1977 година, Удерзо работеше сам со десетлетија.

Новиот стрип освен на француски објавен е и на англиски и на уште 18 други јазици во 5 милиони примероци.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе