Љубителите на познатата тинејџерска серија „Gossip Girl“ наскоро ќе може да го гледаат нејзиното продолжение.
Додека со нетрпение ја чекате премиерата на новите епизоди, трејлерот ви открива дел од она што ве очекува.
Ќе има нов актерски состав, нов амбиент и елементи од случките во приватното училиште на Апер Ист Сајд.
Премиерното прикажување на серијата во САД е закажано за 8 јули.