Објавена мапа: Еве како се распоредени војниците на НАТО во Источна Европа

Значењето на армиите на НАТО и САД во Источна Европа расте со оглед на зголемената закана од наводна руска инвазија на Украина. Руската армија од почетокот на годинава сè повеќе ги позиционира своите војници долж украинската граница, а еве како се распоредени западните сили.

НАТО има четири мултинационални борбени групи во Естонија, Латвија, Литванија и Полска, составени од војници од неколку земји-членки. Овие баталјони, на ротирачка основа, ги предводат Обединетото Кралство, Канада, Германија или САД.

Алијансата минатиот месец соопшти дека сите четири групи се подготвени за борба, а шефот на НАТО Јенс Столтенберг рече дека се подготвени да го зголемат своето присуство со испраќање дополнителни сили во источниот регион.

САД имаат бази во Литванија и Романија, како и во Полска. Претседателот Џо Бајден минатата недела го одобри распоредувањето на дополнителни 3.000 американски војници во Полска, Германија и Романија, плус 8.500 други членови на подготвеност.

Двете армии објавија мапа со распоредувањето на нивните сили во Источна Европа.

НАТО нема војници во Украина, ниту најави распоредување, но нивното присуство се рефлектира на други нивоа. Иако Украина не е членка на Алијансата, тие на оваа земја ѝ даваат стратешки совети и со тоа ѝ помагаат во оваа криза.

Инаку, Русија и Белорусија денеска почнаа десетдневни заеднички воени вежби, а објавена е и карта на нивните сили.

Тензиите меѓу Украина и Русија се интензивираа во последните месеци, по неколкугодишното „примирје“, односно договор дека армиите нема да се судрат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе