Објавени фотографии од снимањето на продолжението на „Sex and the City“

HBO Max ги објави првите фотографии од снимањето на новите десет епизоди, а фотографиите ги споделија и главните актерки.

Во новите епизоди, девојките се во нивните 50-ти години, а на фотографиите се гледа дека Кери и Миранда имаат седа коса.

HBO уште не објави кога ќе излезе првата епизода од новата серија, а на Twitter обожавателите коментираат дека ќе им недостасува Саманта.

Во јануари беше најавено дека Кристин Дејвис, Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон ќе се вратат во улогите на Шарлот, Кери и Миранда во обновената верзија на „Sex and the City“ на HBO Max.

Долго време кружеа гласини дека се размислува за „оживување“ на популарната серија од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, а обновената серија ќе се вика „And Just Like That…“ (сигурно ја препознавате познатата реплика на Кери Бредшо). Извршни продуценти ќе бидат Паркер, Дејвис, Никсон и Мајкл Патрик Кинг.

Веднаш беше познато дека Ким Катрал, која беше дел од оригиналната актерска екипа и ја играше Саманта Џонс, нема да биде дел од новата серија.

Приказната во „Sex and the City“, што почна да се емитува во 1998 година, се вртеше околу секс-колумнистката Кери Бредшо (Паркер) и нејзините пријателки Миранда Хобс (Никсон), Шарлот Јорк (Дејвис) и Саманта Џонс (Катрал), нивните врски и љубов кон модата во Њујорк. Серијата се емитуваше шест сезони, освои седум Еми награди и осум Златни глобуси.

 

Читајте наредно: Ни секс, ни град: Новите епизоди на „Sex and the City“ ќе бидат бескрајно здодевни

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе