Објавени сметките на Болсонаро: Каде потрошил пет милиони долари?

Официјалната кредитна картичка на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ја открива целата негова екстраваганција - потрошени пет милиони американски долари за време на неговиот четиригодишен мандат, што не е чудно кога ќе видите дека тој потрошил повеќе од 21.000 долари на вечера во еден скромен ресторан.

Вчера новата бразилска влада на својата веб-страница објави извадок за состојбата на сметката на официјалната картичка на поранешниот шеф на државата. Заедно со Болсонаро, пристап до кредитната картичка имал и неговиот тим од 21 лице.

За разлика од неговите претходници, Болсонаро беше таинствен кога станува збор за трошоците, но неговиот наследник Луис Инасио Лула одлучи да го објави тоа јавно.

Болсонаро велеше дека не потрошил „ни паричка“ со картичката, но сметките покажуваат поинаку.

Така, Болсонаро потрошил повеќе од 235.000 американски долари на годишни одмори во 2019, 2020 и 2021 година.

При една посета на бензинската пумпа потрошил речиси 14.000 долари и 286.000 долари за неколку престои во луксузен хотел во Гуаруџа, летувалиште недалеку од Сао Паоло.

Сепак, изгледа дека Болсонаро најмногу потрошил на богати ручеци и вечери. За време на посетата на релативно евтин ресторан во Боа Виста, во државата Рораима, со претседателската картичка била платена сметка повисока од 21.000 долари.

Во текот на четири години, тој оставил повеќе од 71.000 долари на пекара во Рио де Жанеиро, а едно купување изнесувало речиси 11.000 долари. Таа сума е потрошена еден ден по свадбата на синот на Болсонаро и пред собирот на моторџиите организиран од приврзаниците на Болсонаро на улиците на Рио.

Над 1.600 долари се потрошени за сладолед.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе