Обновениот Биг Бен ќе се огласи за Нова година и Брегзит

Биг Бен, како што популарно го нарекуваат големото ѕвоно во кулата на Елизабета во британскиот Парламент, кое во моментов се реновира, ќе се огласи по повод Новата година, кога ќе го означи излегувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија.

Вечерта на 31 декември, ѕвоното на полноќ вообичаено ќе отчука 12 пати, но и во 23:00 часот по лондонско време (полноќ по средноевропско време), за да се провери механизмот, кога и воедно завршува преодниот период по Брегзит, кој се случи на 31 јануари, соопшти британскиот Парламент.

Обединетото Кралство во тој период продолжи да ги применува европските правила, а во исто време преговара за своите идни трговски врски со ЕУ. Преговорите сè уште не се завршени, неколку дена пред предвидениот рок.

Кулата Елизабета, завршена во 1859 година, е во фаза на обнова која почна во 2017 година, така што Британците не го слушаат ѕвоното освен во ретки прилики, како што беше последниот пат на 11 ноември, кога беше одбележана годишнината од крајот на Првата светска војна во 1918 година.

И покрај упорните напори на поддржувачите на Брегзит, Биг Бен не заѕвони на 31 јануари, кога Обединетото Кралство ја напушти ЕУ.

Парламентарните служби соопштија дека познатото ѕвоно тешко 13,7 тони ќе заѕвони 12 пати на полноќ за да го означи почетокот на Новата година.

Со цел да се провери механизмот, ѕвоното ќе ѕвони со прекини на 29 и 30 декември, потоа во предвиденото време на 31 декември, а и во 23:00 часот, кога земјата ќе ја напушти ЕУ.

Оваа година, поради пандемијата на новиот коронавирус, откажан е огнометот на бреговите на Темза, во центарот на Лондон, кој секоја година го следат околу 100.000 луѓе.

Националната прослава за Брегзит е закажана за 2022 година.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Свет

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more
 

Вести

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе