Oбвинителката Стефанова нема да биде изземена од случајот „Плацoви на Водно“

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Барањето за изземање на јавниот обвинител Лиле Стефанова од случајот „Плацoви на Водно“ се одбива како неосновано.

Ова е решението донесено од Основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на барањето поднесено од одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, се вели во писмениот допис од ОЈО до Судот.

Според бранителот на Камчев, адвокатот Еленко Миланов, ова барање за изземање го поднеле врз основа на поднесена кривична пријава во однос на застапникот на обвинението. Пријавата се однесува на постоење на основано сомнение за кривично дело несовесно работење во службата како и поднесување лажни докази.

По одбивањето на Барањето, денешно рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје, продолжи со презентација на останатите докази од доказниот материјал на обвинителството.

Случајот го води судијата Илија Трпков а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

реклама

Македонија

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Read more

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Read more

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Read more

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе