Обвинителот Пеливанов избран за времена замена на Рускоска

На шеесет и четвртата седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што се одржа денес, Советот го назначи обвинителот Трајче Пеливанов како времена замена на досегашната шефица на Јавното обвинителство, Вилма Рускоска.

Како што информираа од Советот за МИА, Пеливанов е назначен бидејќи во постапката која се води, а поради која Рускоска е времено оддалечена од својата функција, не може да ја врши својата функција, и, како што посочуваат, бидејќи се работи за обвинителство каде што имаме сериозен организиран криминал и не треба да биде без раководител.

– Назначивме времена замена бидејќи сегашната шефица Вилма Рускоска не може да ја врши функцијата, не е таму физички. Од друга страна, првата заменичка исто така е вклучена во кривичната постапка и во дисциплинската, така што мораше да се назначи лице кое ќе раководи додека е оддалечена обвинителката, додека трае оддалечувањето. Сепак се работи за обвинителство каде што имаме сериозен организиран криминал и не треба да стои без команда, без некој таму да раководи, информира претседателот на Советот, Антонио Јолевски.

Како што образложи, доколку Русковска се врати на работа тогаш таа ќе се врати на својата функција, а доколку тоа не се случи до истекот на нејзиниот мандат во ноември, тогаш ќе биде назначен некој од новоизбраните обвинители.

– Ова се определува само како времена замена, не е вршител на должноста, тој е определен колку во меѓувреме да може да прима пошта, да потпишува, плата да може да подигне, не е како  класичен вршител на должноста, а ова е законски регулирано во член 9 за Совет на јавни обвинители, појасни претседателот.

Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција.

Советот на Јавни обвинители минатата недела ја одби жалбата на Рускоска како неоснована и ја потврди нејзината суспензија од функцијата.

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе