Од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има дополнителни мерки

Здравствените власти очекуваат сегашните рестрикции да дадат резултат иако продолжува трендот на зголемување на бројот на заразени со COVID-19. Состојбата внимателно се следи и од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има нови мерки.

На инфективните оддели во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 916 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Скопје се хоспитализирани 350, а во другите градови 566 лица.

Во ковид-центрите има околу 280 празни болнички кревети. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

И министерот за здравство Венко Филипче вчера уверуваше дека има слободни кревети во секоја јавно-здравствена установа, потенцирајќи оти имаат и план доколку се пополнат капацитетите. Тој верува дека актуелните мерки ќе дадат резултат и очекува за 10-тина дена да има промена на епидемиолошката слика.

–  Секојдневно ја следиме ситуацијата во однос на бројките и трендовите што сега се актуелни, така што ќе видиме во однос на некои евентуално дополнителни мерки, изјави Филипче.

Во Скопје во функција се ставени интерните клиники, а има и план доколку се исполнат капацитетите што се на располагање. Во опција е просторот во стара Систина, но засега, како што посочи Филипче, нема потреба, бидејќи модуларните болници се сериозен капацитет од 10.000 метри квадратни со 600 кревети.

Сериозен вектор на трансмисија на вирусот, според него, се младите кои контактирале и по затворањето на угостителските објекти.

– Сметаме дека младите како една група на граѓани кои беа активни и многу често комуницираа и по затворањето на угостителските објекти, беа сериозен вектор на трансмисија на вирусот и поради тоа сметам дека во следните 10-тина дена ќе има промена на сликата. Сега бројката е нешто под илјада, следиме дали ќе има зголемување, но верувам дека овие мерки ќе дадат резултат, вели министерот за здравство.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 947 случаи на коронавирусот од направени 3.450 тестирања. Починаа 21 лице, а оздравени се 397 пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 110.209, на оздравени е 96.570, а на починати 3.265. Бројот на активни случаи изнесува 10.374.

Досега во земјава се направени вкупно 555.367 тестирања за COVID-19.

Заради спречување на ширењето на коронавирусот, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука за воведување полициски час во целата држава од 10 до 22 март, во периодот од 22 до 05 часот.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Македонија

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more
 

Вести

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе