Од година во година се нижат неуспеси: Гатузо пак доби отказ

Легендарниот италијански фудбалер Џенаро Гатузо повторно доби отказ, овојпат откако на клупата на Марсеј остана само 24 натпревари.

Гатузо (46) има неспоредливо помал успех во тренерската кариера во однос на играчката. Како фудбалер освои сѐ што можеше да се освои со Милан, а стана и светски првак со Италија.

Сепак, не му оди најдобро во тренерскиот бизнис. Утрово доби информација дека Марсеј го раскинува договорот со него и неговиот стручен штаб, кој го води славниот француски клуб од 27 септември минатата година.

Гатузо седеше на клупата на Марсеј на 24 натпревари и во просек освои 1,46 поени по натпревар. Клучен беше поразот што синоќа Марсеј го претрпе од Брест, по што тимот е само на 9-тото место на табелата.

Тоа е само еден во низата неуспеси кои ги доживеа славниот играч за врска на Милан. Летоска доби отказ во Валенсија, а претходно во Наполи на крајот од сезоната 2020/2021 бидејќи заврши на 5-тото место на табелата во Серија А.

Ако уште подолго се копаме во тренерската историја на популарниот Рино, тој доживеа неуспех и во мандатот пред тоа, кога беше тренер на Милан. И тогаш заврши на 5. место со Милан во 2019 година и ја прекина соработката со клубот откако не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

Гатузо работеше и како тренер во Пиза, грчки ОФИ од Крит, Палермо и швајцарски Сион, а го водеше и младинскиот тим на Милан. Неговиот единствен успех е освојувањето на Купот на Италија во 2020 година со Наполи.

Токму на Крит се прослави со изјавата на лош англиски, кога се правдаше за лошите резултати на ОФИ и даде некои легендарни изјави.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе