Од почетокот на епидемијата во земјава се направени 1.771 операција

Од почетокот на епидемијата со COVID-19 во земјата направени се 1.771 операции кај пациенти на хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“, во Градската општа болница „8 ми Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Од Министерството за здравство соопштија дека во хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“ во периодот март-мај е направена 1.091 операција и тоа најголем дел на Клиниката за трауматологија 175, на Абдоменална хирургија 216, на Клиниката за торакална хирургија 89 операции. Вкупно 203 пациенти биле оперирани на Клиниката за урологија, на Детска хирургија 90 пациенти, на Клиниката на неврохирургија 95, на Ортопедија 120 пациенти и на Клиниката за пластична хирургија 103 болни. Лекарите од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување кои во целиот овој период работат со полн капацитет, аплицирале 970 анестезии и направиле преку 1.000 прегледи во нивната амбуланта.

– Сите интервенции се извршени по протокол за работа со суспектни пациенти, земени им се брисеви пред и по операцијата и користена е комплетна заштита како за пациентот, така и за медицинскит тим: операторот, анестезиологот и останатиот вклучен персонал, истакнаа од Министерството за здравство.

Од Министерството наведоа дека во Градската општа болница „8ми Септември“ во Скопје, направени се вкупно 310 операции на суспектни и позитивни COVID-19 пациенти. Според типот на операции, направени се 39 кардиолошки интервенции од кои 34 коронарографии со стентирања и поставени се пет песмејкери. Од вкупниот број на кардиолошки пациенти, 37 од нив се влезени во сала за операција како суспектни, а двајца биле потврдени позитивни за корона вирусот. Извршени се 10 неврохируршки операции, 80 ортопедски и трауматолошки, 28 уролошки операции и 64 абдоминални интервенции.

Имено, во „8-ми Септември“, на 13 пациенти им се направени операции во делот на уво, нос и грло, а оперирани се и седум офталмолошки пациенти. Направени се вкупно 69 радиолошки интервенции и тоа биопсии, аблации, каротидографии, поставување на венски портови, пункции и многу други специфични радиолошки интервенции Сите оперирани пациентите се комплетно згрижени во соодветни изолациони центри.

– Во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје во периодот март-мај направени се вкупно 370 интервенции: 116 трауматолошки, 60 онколошки, 90 итни абдоминални и 104 други општохируршки интервенции. Сите пациенти кои имале потреба од операција и интервенција во изминатиот период, биле соодветно згрижени и третирани согласно протоколите за работа, информираа од Министерството за здравство.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе