Од утре до недела портокалова фаза, МЗ со препораки за заштита од високи температури

Територијата на целата држава следните четири дена, од четврток до недела, ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Во овој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури.

Како што соопштија од Министерството за здравство, се препорачува ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се бремените жени и хронично болни лица. Исто така, во установите за згрижување на децата, градинки, да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да укажат помош на постари, изнемоштени лица и бездомници.

-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик врз здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, соопштија од Министерството за здравство.

Од Министерството потсетуваат дека населението во летниот период потребно е да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето.

Поточно, во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка.

Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна. 

Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. 

При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Исто така, поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе