Oд утре дожд и пад на температурите за над 10 степени

Времето утрово ќе биде свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови.

Во текот на ноќта кон понеделник ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 30°C.

Во Скопје сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 29°C.

Во текот на ноќта кон понеделник под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден, особено во јужните делови. Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе