Нови проблеми за скопјани

Од утре нема да има автобуси на градските линии 9, 12, 22, 23 и 45

Од утре и приватниот превозник „Слобода превоз“ нема да вози бидејќи Град Скопје и ЈСП „Скопје“ не им плаќаат и им должат околу еден милион евра.

Од приватниот превозник велат дека со месеци не им се исплаќаат пари и не се почитува динамиката договорена на последниот состанок.

Автобуси нема да има на градските линии 9, 12, 22, 23 и 45. Засега ќе се пуштат возила само за приградските населби бидејќи таму ЈСП нема автобуси, па ако и тие ги укинат овие граѓани ќе бидат целосно отсечени од градот, пренесе СДК.мк.

Откако не падна договор, превозниците преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот.

На 20 октомври Скопје за првпат во историјата остана без јавен превоз, не возеа автобусите на ЈСП „Скопје“ бидејќи вработените немаа земено плата еден месец.

На 8 ноември градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, кој престана да вози бидејќи Градот му должи половина милион евра.

„Можеби на некој тоа и му е намерата, да престанеме да возиме и како што направија со ‘Макекспрес‘ и со нас да го раскинат договорот. Но, потоа скопјани ќе останат без јавен превоз оти ЈСП немаат плус 200 автобуси за да ги заменат сите линии на кои возиме ние приватниците“, вели Ленин Јовановски од превозникот „Слобода превоз“.

Јовановски изјави дека доколку не се оствари средба со претставници на Град Скопје и градското претпријатие ќе има протести, а ако и натаму нема резултат, приватните превозници најавуваат штрајк.

„Во опција е и поднесување претставка до Антикорупциската комисија, а можеби и тужба на адреса на директорот на ЈСП за злоупотреба на службена должност, затоа што парите наменети за нас се пренасочуваат на друга страна“, изјави Јовановски.

Ситуацијата на терен е очајна, оние кои чекаат превоз се жалат дека и покрај тоа што нема доволен број на автобуси, дури и оние што сообраќаат не се редовни.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе