Од земја што прогласи крај на епидемијата, Словенија сега има рекордни бројки на заразени

Во последните 24 часа, по направени 3.123 тестови, во Словенија се потврдени нови 123 случаи на коронавирус, што е рекорден број од почетокот на епидемијата, објави денеска словенечката Влада.

Во последниве недели, бројот на нови инфекции постојано се зголемува, а Владата соопшти дека поради зголемениот број хоспитализирани лица, очекува реорганизација на болниците и отворање на уште една, четврта, Ковид болница.

– Следните две недели ќе бидат клучни за развојот и контролата на епидемијата, изјави словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар.

Според податоците од неговото Министерство, во моментов има 975 активни случаи, од кои 61 се хопитализирани, што е многу голем пораст во однос на минатата недела.

Владиниот портпарол Јелко Кацин вчера изјави дека Словенија, доколку ситуацијата остане вака, има доволно респиратори за сите пациенти, нагласувајќи дека бројот на новозаболени покажува дека состојбата со епидемијата не се подобрува и дека треба строго да се почитуваат пропишаните епидемиолошки мерки и ограничувања.

Шефицата на владиниот експертски тим, Бојана Беовиќ, изјави  дека бројот на потврдени инфекции на 100.000 во последните 14 дена надмина 40, и дека епидемијата е „зема голем замав“ и дека е особено загрижена заради сѐ поголемиот број на пациенти кои се хоспитализирани и се на респиратор.

На 14 мај, владата на Република Словенија прогласи крај на епидемијата на коронавирус откако бројот на новозаразени секои 24 часа во изминатите 14 дена не беше поголем од 7.

Словенија беше првата европска држава која прогласила крај на епидемијата. Официјалното прогласување крај на епидемијата значеше и крај на финансиската помош за граѓаните и компаниите кои беа оштетени од последиците на пандемијата.

На сила остануваат мерките за одржување физичка дистанца, носење маски и дезинфицирање на рацете при влез во јавни установи.

Од средината на март, Словенија ги затвори училиштата, културните институции, кафулињата, спортските објекти, хотелите и продавниците. Работеа само продавниците за храна и аптеките.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе