Одамна престанавме да пресметуваме работно време, велат македонските здравствени работници

Во денешното видеообраќање, докторите Милена Стевановиќ, Дејан Докиќ, Калина Гривчева-Старделова, Илир Демири, Ирена Рамбабова Бушљетиќ, Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири порачуваат да бидеме нивна поддршка.

Тие апелираат да ги почитуваме мерките за да може да им помогнеме и на нив, кои изминативе девет месеци се во првите борбени редови.

-Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка, порачуваат докторите.

Од Министерството за здравство наведуваат дека здравствените работници неуморно го даваат својот максимум во третманот и грижата за пациентите.

Како што посочија, носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца, негрупирањето како и честото миење на рацете се клучните мерки во справувањето со COVID-19 кризата.

-Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе