Одбележана 18-годишнина од смртта на претседателот Борис Трајковски

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на Трајковски во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

Во рамките на пригодните активности на Владата во знак на одбележување на 18-годишнината од авионската несреќа свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Трајковски, во Бутел положи и владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

И претседателот на Собранието Талат Џафери учествуваше во одбележувањето на 18-годишнината од трагичната смрт на Трајковски во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, во која загинаа и членови на неговата осумчлена делегација.

 

– Трајковски го паметиме како човек и политичар кој несебично се залагаше за мирот и стабилноста и во Република Северна Македонија и во Регионот, напиша Џафери на Фејсбук.

Делегација, составена од претставници од Кабинетот на претседателот, од Собранието и од Владата, положи свежо цвеќе и пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина.

Како претставничка на Владата беше Славица Грковска, вицепремиер за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието и Катерина Цаневска, како претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија

На одбележувањето на 18-годишнината од трагичниот настан од смртта на претседателот Трајковски, на спомен обележјето на несреќата, со пригодна државничка и воена церемонија, свежо цвеќе положи делегација на Република Босна и Херцеговина.

Пендаровски, како што соопштија од неговиот Кабинет, положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Делегација на Кабинетот на претседателот денеска положи свежо цвеќе и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

 – Осумнаесет години по смртта на претседателот Трајковски, тој останува да биде запаметен по неговите заложби и вредности за мир, единство, за интегритет, за нашата држава како мултикултурна заедница и како членка на ЕУ и на НАТО, наведуваат од прес-службата на Владата. 

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе