Пандемијата влијае и на филмската индустрија, а последица на тоа се одложувањата на премиерите на долгоочекуваните филмови.
Филмот „Fast & Furious 9“ требаше да биде прикажан на 20 мај оваа година, но премиерата за франшизата беше одложена за април 2021 година. Но Hollywood reporter пишува дека уште долго ќе чекаме.
Премиерата на филмот е закажана за 28 мај 2021 година.
Пред неколку дена исто така беше откажана и премиерата на филмот „No Time to Die“. Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд е закажана за 2 април 2021 година.