СУПЕРКОПА ДЕ ЕСПАЊА 2024

Одвратни сцени од Саудиска Арабија: Исвиркана минутата молк за Бекенбауер

Филип Здравески
/ 11.01.2024 / 11:19

Пред почетокот на синоќешното полуфинале во шпанскиот Суперкуп публиката свиркаше за време на минутата молчење во чест на великанот Франц Бекенбауер.

Реал Мадрид и Атлетико синоќа одиграа одличен натпревар во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија, кој и годинава се игра во Саудиска Арабија, а причината е добро позната - пари.

Но, пред почетокот се случи скандал откако 25-илјадната публиката очигледно не беше расположена да ја испочитува минутата молк во чест на големиот Франц Бекенбауер, кој почина во неделата.

Саудиските навивачи со свирежи ѝ оддадоа „чест“ на баварската легенда на неверување на играчите на двете екипи, кои нервозно подгледнуваа кон трибините.

URL

Шпанија по четврти пат во последните пет години го одржува Суперкупот во оваа блискоисточна земја, а само во постпандемската 2021 поради рестрикциите го одржа дома. И овој пат се игра со 4 екипи, со две полуфиналиња, па финале.

Синоќа Реал Мадрид славеше со 5:3 по продолженија откако регуларните 90 минути завршија со возбудливи 3:3.

Remote video URL

Бранител на пехарот е Барселона, која вечерва против Осасуна го игра второ полуфинале.

Финалето е закажано за в недела од 20 часот на стадионот „Кинг Сауд Јуниверзити“, каде се играат сите натпревари.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе