Огромен древен град стар 2.500 години пронајден во Амазонската прашума

Древен град со векови покриен со бујна вегетација е пронајден во Амазонија. Ова откритие го менува она што досега беше познато за историјата на луѓето што живеат во оваа прашума.

Живеалиштата во регионот Упано во Источен Еквадор биле поврзани со неверојатна мрежа од патишта и канали. Тие се наоѓаат во близина на вулкан кој ја направил земјата плодна, но кој можел да предизвика уништување на заедницата. Иако се знаело за градовите во висорамнините на Јужна Америка, како што е Мачу Пикчу во Перу, се верувало дека во Амазонија луѓето живеат само во номадски, мали заедници.

„Ова е постаро од која било друга локација за која знаеме во Амазонија. Имаме евроцентричен поглед на цивилизацијата, но тоа покажува дека мораме да ја промениме нашата идеја за тоа што е култура и цивилизација“, рече директорот на францускиот Национален центар за научни истражувања, Стефан Ростен, кој го водеше истражувањето.

Антоан Дорисон, кој исто така беше вклучен во истражувањето, истакна дека ова откритие го менува погледот на амазонската култура.

„Повеќето луѓе веројатно замислуваат мали, голи луѓе кои живеат во живеалишта и расчистуваат земјиште. Ова покажува дека древните луѓе живееле во комплицирани, урбани заедници“, додава тој.

Археолозите претпоставуваат дека градот бил изграден пред 2.500 години и дека луѓето живееле во него 1.000 години. Тешко е да се процени точно колку луѓе живееле таму, но постои можност сигурно да имало 10.000, ако не и 100.000.

За време на истражувањето, беа извршени археолошки ископувања на 300 квадратни километри, а при летовите на авионите биле користени ласерски сензори за да се утврди присуството на остатоци од древниот град под бујната вегетација. Се верува дека многу од живеалиштата биле користени како куќи, додека некои биле користени за церемонијални цели. Дорисон ја издвои патната мрежа како особено импресивна, опишувајќи ја како високо софистицирана мрежа.

Пронајдени се и канали за кои се верува дека служеле за управување со водите, влезови со блокади, што укажува дека можеби имало закана од други луѓе, камења за мелење растенија и изгорени семиња.

Древниот град во Амазонија е пронајден во првото сеопфатно истражување кое траело 25 години. Откриено е големо, сложено општество кое можеби е дури и поголемо од народите на Маите во Мексико и Централна Америка.

„Замислете дека сте откриле друга цивилизација како Маите, но со сосема поинаква архитектура, користење на земјиштето, керамика“, вели Хосе Ириарте, професор по археологија на Универзитетот во Ексетер во Англија, кој не бил вклучен во ова истражување.

Како што истакна, некои од овие пронајдоци се единствени за Јужна Америка. Тој посочи дека заедницата во овој град била добро организирана и поврзана. Не се знае многу за луѓето кои живееле таму и какво било нивното општество. Се верува дека биле фокусирани на земјоделството, дека јаделе пченка и сладок компир и дека пиеле чичу - вид слатко пиво.

Професорот Ростен истакна дека бил предупреден за ова истражување на почетокот на неговата кариера бидејќи се верувало дека во Амазонија не живееле древни заедници.

„Но, бев многу тврдоглав, па сепак го направив тоа. Морам да признаам дека сум многу среќен што го направив ова големо откритие“, рече тој.

Истражувањето продолжува, пишува BBC.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе