Огромна LED видео купола се тестира во Лас Вегас, распродадени концертите на U2

На панорамата на Лас Вегас наскоро ќе доминира купола со масивен екран.

Компаниите MSG и Sphere Entertainment започнаа со тестирање на „Sphere“, место со 17.600 седишта во близина на „The Venetian Resort“, кое се состои од џиновска анимирана купола со внатрешен 16K LED екран кој го опкружува. Надворешноста на куполата изгледа привлечно, но главната атракција е всушност во нејзината внатрешност. Куполата е наменета да биде „потопена во жива забава на затворен екран“ и има за цел да го подобри концертното и кино искуство.

Џејмс Долан и Дејвид Дибл од MSG за списанието Rolling Stone изјавија дека целта е ефективно да се создаде VR искуство без „проклети очила“. Креаторите на куполата користат специјална камера за да создадат кадар што ја „обвива“ публиката. Дел од куполата е и уникатен звучен систем со 164.000 звучници, кој може да изолира одредени звуци или дури да ги ограничи на делови од публиката. На пример, еден дел од публиката може да го слушне дијалогот само на шпански.

Remote video URL

Како и 4D киното, „MSG Sphere“ има и сетилно искуство за некои посетители. Околу 10.000 седишта нудат хаптика, ладен и топол ветер, како и мириси. Во случај на виртуелно „патување“ на Арктикот, тогаш се чувствува студот додека се гледа содржината.

URL

„MSG Sphere“ официјално ги отвора вратите на 29 септември, кога „U2“ го започнуваат својот 25-ти настап со сопствено производство, а сите карти се веќе распродадени.

Изградбата на куполата започна во 2019 година, но пандемијата и технолошката сложеност ја зголемија цената на 2,3 милијарди долари. Ова ќе биде најскапото место во Лас Вегас досега, бидејќи стадионот „Елиџент“ на НФЛ тимот Лас Вегас Рајдерс чинеше „само“ 1,9 милијарди долари.

Што ќе следи по концертите на „U2“, сѐ уште не е познато, но можно е во куполата да се одржуваат еСпорт турнири и ММА борби.

Тагови
реклама

Музика

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе