OnePlus го претстави Nord 3, чини 449 евра

Компанијата OnePlus го претстави смартфонот Nord 3, што претставува значително подобрување во однос на моделот 2T.

Новиот модел од средна класа добива поголем екран од 6,7 инчи со резолуција од 2772 x 1240 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz, што ветува подобри перформанси и корисничко искуство во споредба со 6,4-инчниот панел од 1080p во случајот на неговиот претходник .

Nord 3 се напојува со понапреден MediaTek Dimensity 9000 процесор поврзан со 16 GB RAM (Dimensity 1300 и 12 GB за моделот 2T), а капацитетот на батеријата е зголемен од 4.000 на 5.000 mAh. Батеријата поддржува брзо жично полнење од 80 W и се полни до 60 проценти за 15 минути.

На задната страна има главна камера од 50 MP, истата што ја користи понапредниот OnePlus 11, како и ултра широка камера од 8 MP и макро од 2 MP, додека предната има селфи камера од 16 MP.

Софтверската страна е „посилна“ оваа година, OnePlus вети три години големи надградби на оперативниот систем за Nord 3, додека 2T имаше две години надградби. Ќе добие и четири години безбедносни надградби.

Нарачките веќе се прифаќаат, основниот модел со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија чини 449 евра, додека верзијата со 16 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 549 евра.

Смартфонот е достапен во 16 земји од Европската Унија, во Индија и на некои други пазари.

URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе