Опаѓа бројот на заразени и починати од COVID-19

Бројот на новозаразени од COVID-19 и починати се намалува, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Од 2.518 тестови, вчера се регистрирани 444 нови случаи, а бројката на оздравени е двојно поголема.

Во Скопје и натаму најголем број заразени, односно вчера речиси половина од новозаразените се регистрирани токму во главниот град на државата.

Заболени лица се регистрирани во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години.

Вкупно 608 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и има околу 559 празни болнички кревети во ковид-центрите, меѓутоа бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека во тек се преговори за набавка на 200 илјади дози од кинеските вакцини. Со помош на кинеската Амбасада во земјава веќе се остварени контакти со тамошните производители на вакцини. Филипче верува дека до крајот на неделава ќе ги имаат деталите во однос на договорот, цената и испораката. Тој не се сомнева во нивниот квалитет.

Системот „Мој тремин“ ќе ја има клучната улога во спроведувањето на вакцинацијата, која според најавите на министерот Филипче треба да започне во февруари.

За вакцините вчера разговарале и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел.

ЕУ нагласува дека на располагање ставила 70 милиони евра за регионот, од кои осум милиони се за Северна Македонија, за да се покрие набавката на дози и на потребна опрема за вакцинација, но засега вакцини за земјите надвор од ЕУ сѐ уште нема, и покрај ветувањата на Унијата и на механизмот КОВАКС.

Нарачките од фармацевтските компании доцнат и за земјите членки, но во ЕУ се надеваат дека откако ќе се добијат потребните дози за втората рунда вакцинација ќе може да се забрза процесот и за третите земји, вон ЕУ. 

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Македонија

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Read more

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more
 

Вести

  • filter

Арсовска од новата влада ќе бара прв приоритет да ѝ бидат законски измени за зголемување на платите на пожарникарите

Читај повеќе

МакеДокс е во потрага по шестата генерација Докуникулци

Читај повеќе

Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп

Читај повеќе

Нови детали за трагедијата во Иран: Технички дефект е причина за падот на хеликоптерот

Читај повеќе

Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Нетанјаху и лидерот на Хамас

Читај повеќе

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе