Opel се враќа во седумдесеттите години на 20 век и го најавува својот ретро автомобил на струја.
Верувале или не, беше очекувано да биде претставен уште некој електричен ретро модел.
Во овој случај, Opel се враќа во 70-тите години на 20 век – на Manta A, и го најавува својот ретро автомобил на струја. Официјалниот назив е Manta GSe ElektroMOD, a видеото го открива класичниот дизајн во комбинација со модерни технолошки решенија.
Се подразбира дека ќе има електричен погон, а за разлика од надворешноста, во внатрешноста може да очекуваме модерна, дигитална командна табла.
Погледнете го видеото.