Опседнат со посед - Како Барса ќе игра под Чави?

Легендарниот играч од средниот ред се очекува да биде наследникот на Роналд Куман и да ја врати Барса на онаа препознатлива тики-така од неговото време.

И пред да ја напушти Барселона како играч, јасно беше дека Чави Ернандес еден ден ќе се врати во улога на тренер. Каталонецот мина 25 години во Барса, си замина на 35-годишна возраст откако во 2015 освои триплета, но заминувањето повеќе беше „аста луего“ отколку „адиос“.

Чави доаѓа од истата школа како Пеп Гуардиола и Јохан Кројф. Него му е перфектно јасен омилениот начин на игра на Барса, оној препознатлив стил со кој стана препознатлива низ целиот свет. Токму тој стил го практикува и во Ал Сад, катарскиот клуб кој го тренира од јуни 2019 и кој е всушност прв негов тренерски предизвик.

„Јасно ми е како ден дека мојот тим мора да ја има контролата на топката. Мачно ми е кога тоа не се случува“, изјави еднаш Чави за The Coach’s Voice.

„Кога бев играч, а сега уште повеќе кога сум на клупата, правам сѐ што е можно за доминација преку посед на топка. Опседнат сум со поседот. Не само за да го имам, туку и заради нападите и создавањето шанси“, објаснува тој.

Како ќе игра во Барса?

Доколку Чави се придржува до формацијата 4-3-3 која ја преферира Лапорта, тогаш ќе треба да ги спои Ерик Гарсиа и Роналд Араухо како централни бекови. Гарсиа има предизпозици да отиде понапред и да помага во средниот ред, додека Араухо ја има потребната брзина за да се враќа назад и да спречува контри. Со Усман Дембеле и Ансу Фати на крилните позиции ќе се бара широчина во играта, но кога двајцата ќе бидат фит. Инаку, Рахим Стерлинг се поврзува како можно засилување кое би било засилување токму за крилните офанзивни позиции.

Доколку Чави се одлучи за 3-4-3 тоа ќе ѝ овозможи на Барса да употреби двајца дефанзивци во средината, како Серхио Бускец и Френки де Јонг, кои би биле поддршка за Педри и Гави, млади играчи кои се иднината на клубот.

Сето тоа звучи добро, но Чави да беше толку добар тренер колку што беше добар играч сигурно многу порано ќе беше седнат на клупата на Барса, нели? Колку е да е големо неговото име, Чави како тренер нема некој значаен успех со Ал Сад. Лани ја освои домашната лига, освои и повеќе домашни куп трофеи, но азиската Лига на шампиони остана недостижна. Сезонава испадна уште во фазата по групи, лани во осминафиналето, а во својата прва сезона како тренер стигна до полуфиналето каде налета на саудискиот Ал-Хилал, кој потоа стана шампион. Во Азија, каде домашните лиги не се на мерило со европските, се знае по што се мери успешноста, а тоа е токму Лигата на шампионите.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе