Општина Центар ветува дека ќе ги замени исечените дрвја на „Орце Николов“

Скопје, 13 јуни 2021 (МИА) – Општина Центар ја информира јавноста дека останува посветена на остварување на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина, општина која треба да претставува пример за другите општини во државата и оттука, во целост го разбира најавениот протест за денеска на граѓаните по повод сечењето на дрвјата на улицата „Орце Николов“ и потполно го поддржуваме правото на слобода на говор и изразување.

Во однос на барањата упатени до нив од организаторите на протестот, „Зелен хуман град“, Општина Центар појаснува неколку, како што се наведува во соопштението, дилеми кои изминатите денови кружат во јавноста.

-Издадено е решение за отстранување на 13 дрвја, од кои отстранети се осум, по претходно извршени испитувања од надлежните стручни служби, каде е утврдено дека се работи за стари, болни и оштетени дрвја. Крошните на дрвјата чии гранки се кршеа при секое поголемо невреме во градот претставуваа опасност за граѓаните и минувачите. Во повеќе наврати до општината од жителите од околните згради има пристигнати писмени барања за отстранување на дрвјата. Оние дрвја што се отстранија, ќе се заменат со нови, висококвалитетни садници, а за останатите ќе се бараат дополнителни решенија, потенцираат од Општината.

Проектот за улицата „Орце Николов“ веќе две години е изложен на увид во Општина Центар, објавен е на општинската веб-страница, неколку пати е објавуван и во јавноста и сите засегнати граѓани можат да дојдат во општината и лично или електронски, на следниот линк, да се уверат во содржината на истиот, наведуваат од Општината.

Извршена е ревизија и проектот за улицата „Орце Николов“ ги има поминато сите фази на контрола при изработката, а крајната цел, велате од Општина Центар, е граѓаните да добијат квалитетна и безбедна реконструирана улица.

-Еден од приоритетите на работата на Општина Центар и на градоначалникот Саша Богдановиќ е заштитата на животната средина. Со носењето на новите осум ДУП-ови успеавме да сочуваме 13.000 метри квадратни урбано зеленило, паркови и зелени површини и ја воведовме обврската за обезбедување на 20% зеленило во секоја градежна парцела. Политиките за зазеленување на општината се евидентни со сите наши активности и проекти, меѓу кои и замената на старите фасади со нови, еколошки и ефикасни, проектот „Цел Центар на точак“, поставување на енергетски-ефикасни фасади на детските градинки и училишта, Зелената еко зона на Сквер Јадран, но и со секојдневното одржување и обновување на уличното и парковското зеленило во надлежност под општината, се потенцира во соопштението.

Општина Центар, се посочува во соопштението, останува на ставот за зачувување на целиот дрворед на улицата „Орце Николов“, отстранетите дрвја ќе се заменат со нови, а Центар, Скопје и граѓаните ќе добијат нова, квалитетна и безбедна улица.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе