Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за секое урбанистичко зло во Центар

Од Општина Центар експресно вратија на обвинувањата пласирани денеска од страна на ВМРО-ДПМНЕ за наводно лошо работење во централната скопска општина.

„ВМРО-ДПМНЕ е последна која што било треба да кажува на тема урбанизација во Центар. Она што денес е општината на урбанистички план е последица на нивното дивеење, криминал и алчност, а граѓаните добро паметат кој и како работел за општината. Општина Центар и актуелното раководство се пример за транспарентно работење, особено во делот за урбанизмот. Ниту педа државно земјиште не е отуѓено, ни злоупотребено, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, и се гради по пропис и закон. Сите нови ДУП-ови што се донесени се скроени исклучиво во интерес на граѓаните, со зголемени зелени површини и намалени габарити на зградите, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го правеше целосно обратно. Општината денес е вистински сервис на граѓаните и нивните потреби работејќи транспарентно во согласност со законите“, реагира Општина Центар на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалникот Герасимовски во својот мандат има иницијативи за справување со урбанистичкиот хаос наследен од ВМРО-ДПМНЕ, како иницијативата, со која, наместо 30% од сопственост за дооформување земјиште, ќе бидат потребни 70% сопственост и иницијативата за конфискација на дивоградбите.

Вакви политики во времето на ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало. Напротив, ВМРО-ДПМНЕ е партија што си носеше ДУП-ови од ракав, онакви какви што само ним им одговараше, па и покрај протестите на граѓаните, тие си ги донесуваа во сила. За ВМРО-ДПМНЕ, Општината секогаш била и ќе биде сервис на партијата и плодна почва за богатење на алчните партиски челници. Центарци нема да подлегнат на овие манипулации од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи добро се сеќаваат кој им носеше гласачи од Пустец само за да се приграбат до некоја зграда повеќе за свои потреби“, се додава во реакцијата на Општина Центар.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Read more

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more
 

Вести

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе