Орбан подготвен за бранот мигранти: Бодликавата жица на границата „порасна“ за еден метар

Унгарија ја зајакнува заштитата на своите граници, а како причина го наведува новиот бран мигранти кои наводно преку балканската рута патуваат кон Унгарија, пишува dpa.

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан планира да ја подигне за дополнителен метар бодликават жица долга 150 километри на југот на земјата, која беше изградена за време на бегалската криза во 2015 година.

Се очекува нова гранична ограда да се подигне во националниот парк Дунав-Драва на југот од земјата, долж српската и хрватската граница.

Владата, исто така, планира да вработи вкупно 2.000 нови, вооружени стражари како дополнително засилување на војската и граничната полиција.

ЕУ со години е во расправија со Будимпешта поради нејзината рестриктивна политика кон мигрантите. Орбан неодамна се пожали на зголемениот број нелегални преминувања на границите.

Од друга страна, Словенија во петокот почна да ја отстранува антимигрантската жичена ограда на словенечката страна на границата со Хрватска.

Премиерот Роберт Голоб ги нарече антиимигрантските бариери нехумани и рече дека тие не служат за целта за која се поставени, што е знак за промена на политиката на новата влада кон мигрантите и бегалците, бидејќи се обврза да највисоко почитување на човековите права и забрзување на обработката на барањата за азил.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Свет

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Read more

Пијан возач предизвика сообраќајка со 8 мртви и 40 повредени

Read more

Француските затворски чувари протестираат по убиството на двајца колеги

Read more

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Read more
 

Вести

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Девојка тешко повредена откако со велосипед удрила во пешак

Читај повеќе

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Пијан возач предизвика сообраќајка со 8 мртви и 40 повредени

Читај повеќе

Француските затворски чувари протестираат по убиството на двајца колеги

Читај повеќе

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Читај повеќе